Радовишкиот градоначалник Герасим Конзулов ги посети децата и вработените во детската градинка „Ацо Караманов“ и, по повод Светската недела на детето, додели вредносен ваучер за потребите на детската градинка. Секоја година Светската недела на детето се одбележува во правата недела од октомври.
Градоначалникот ја проследи и приредбата што се организира во рамките на одбележувањто. Притоа, се обрати до дечињата, посакувајќи им да бидат живи и здрави, да го поминуваат времето во дружење, потенцирајќи дека тие се нашето најголемо богатство и затоа е потребно сите да бидеме посветени на нивниот развој.