Наградата ја доделува Меѓународниот економски форум PERSPECTIVE со седиште во Дубровник и независниот меѓународен комитет “GLOBALLOCAL” кој го сочинуваат 18 експерти од 9 земји од областите економија,маркетинг, менаџмент, финансии, социологија, претприемништво, право, архитектура, екологија, локален и регионален развој.
-За само две години, постигнавме значајни резултати во привлекување на домашни и странски инвестиции. Тоа го докажаа и групата независни експерти од Германија, Австрија, Словенија, Хрватска и други, со доделување на оваа престижна награда на општина Свети Николе, каде во конкуренција од над 150 општини и институции го добивме лауреатот на општина односно институција, која дава можност за привлекување на најголем број на инвестиции.
Свети Николе е отворено за инвестииции кон сите претпријатија, вели градоначалникот Сашо Велковски.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во рамките на Светскиот конгрес за претприемачи во Скопје на 17 и 18 октомври 2019 година.