На повеќе локации три дена се одржуваа различни манифестации по повод Денот на ослободувањето на Свети Николе, 14-ти Септември.
Музика, театар, спорт… Активностите започнаа со свечената седница на советот на Општината.
-„Свети Николе деновиве одбележува 75 години од ослободувањето на градот. По тој повод имаме низа свечености, а започнавме со свечената седница на Советот на Општина Свети Николе на која што беа доделени награди на ученици за постигнати резултати меѓународни и државни натпревари, од прво до трето место “- изјави Сашо Велковски, градоначалник на Општина Свети Николе.
На свечената седница се обратија и гостите, градоначалниците од збратимените Општини.
-„Со задоволство ја прифатиф поканата од градоначалникот Велковски да бидам дел од овој празник за градот и искрено се надевам дека и во иднина ќе соработуваме на секое поле, а нормално дека културните збиднувања нема да бидат изоставени.“ – рече Лудвик Новак, градоначалник на Општина Пуцонци, Словенија.
– „ Овде сум по седумнаесети пат и навистина ми е драго што при ова доаѓање заеднички ќе го одбележиме денот на Општината“ – кажа Златан Кркич, градоначалник на Општина Чичевац, Србија.
Активностите не ги изоставија спортските случувања, се играше “3×3 Basketball”.
– „3х3 баскетот е релативно нов спорт, а за прв пат се играше во 2010 година. Тогаш стапи под капата на ФИБА, а од 2012 е Олимписки спорт “ ни објасни Драган Караџовски, организатор на “3×3 Basketball” Македонија.
Традиционално, овој период во Свети Николе се реализира и ликовната колонија „Ѓуриште“.
– „Учество во колонијата зедоа тринаесет уметници од: Црна Гора, Бугарија, Србија, нормално и од нашата земја“, рече Ангел Банов, директор на НУЦК Дом на култура „Крсте Петков Мисирков“.
Имаше учесник и од САД, Николас Џексон.
– „Јас сум овде поради активностите кои ги имам со Мировен Корпус и ќе останам овде до 2022 година. И покрај професионалните активности, овде го негувам и моето хоби, па еве така се најдов како учесник во ликовната колонија „Ѓуриште““ ни раскажа Џексон.
Покрај сите овие споменати настани, изминатиов викенд Свети Николе на своите граѓани им понуди и богата музичка програма поддржана од познати Дј од цела земја.