Денот на рударите на заштитничката Свет Богородица го празнуваа заедно со народен собир граѓаните на Македонска Каменица и нивните гости. За прв пат оваа година без работни обврски како пензионери, беа и неколкуте каменичани, кои благодарение на законските измени, порано заминаа во пензија со бенифициран стаж.
На 51 година возраст, Ванчо Мирчевски од Македонска Каменица е млад пензионер. Тој е дел од првата група од 51 рудар од рудникот „Саса„, кој замина во пензија со новите законски измени со кои се зголемува бенифицираниот стаж на рударите. Мирчевски замина во пензија со 43 години стаж, иако вели дека ако порано, пред неколку години стапеше во сила овој закон во пензија ќе заминеше уште пред две години.
Овој каменичанец ужива во своите во своите пензионерски денови, но се присетува дека зад себе го рударството, како особено тешка професија.
Токму од Македонска Каменица беа објавени убавите вести за олеснување на пензионеирањето на рударите. Овој проект веќе подолго време беше во фокусот на градоначалничката Соња Стаменкова, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, кои и оваа година на Богордица беа меѓу рударите и граѓаните на Македонска Каменица.
Законските измени и бенизфицираниот стаж поттикнаа и други тешки професии да побараат законски измени со кои ќе може порано да се оди во пензија.
Министерката Царовска вели дека министерството со Светска банка работат на методологија за тоа кои работни места со која бенифиција треба да бидат а одредени работни места да добијат поголема заштитни мерки на работа.