На повикот за субвенционирање на проекти за подобрување на пристапот до земјоделски обработливи површини од објавен од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство , Општина Свети Николе доби грант во износ од 410.892 денари за изградба на пристапен пат во местото викано Кривчева река, кој редовно го користат земјоделците.
Општина Свети Николе доби и над еден милион денари грант од Агенцијата за рурален развој за решавање на топлинското греење во две подрачни училишта во селата Амзабеговo и Кадрифаково. Уште два проекти ќе се реализираат во оваа општина врзани за руралниот развој. Обезбени се средства за изградба на пат до селото Црнилиште во должина од еден километар, како и средства за пешачко – велосипедска патека до Кнежје, со што се овозможува развој на туризам во делот од општината што полека се ревититализира.