Македонските ора и песни, македонскиот фолклор преточен низ автентичниот вез на носиите носени од членовите на Фолклорниот Ансамбл ,,Цветови’’ од Дедино општина Конче беа дел од магијата на интернационалниот фолклорен фестивал ,,Алегрија’’ во Шпанија.
ФА ,,Цветови’’ имаа три вечерни настапи на кои се претставија со ората ,,Чачак’’ „Баба Ѓурѓа – сплет’’ ,,Бувчанско оро’’ ,,Малешевка’’ и други традиционални ора од македонското поднебје,вели Мартин Илиев од овој фолклорен ансамбл со повеќедецениска традиција.
„ Настапите сите три вечери беа на фестивалската бина во центарот на градот. Автентичната носија успеја и тоа како да ги украде погледите на присутните гости во градот па неретко голем дел на фото објективите беа свртени кон нас,, вели Мартин Илиев.
Тој упатува голема благодарност до општина Конче, Советот и градоначалникот за поддршката, а благодарност упатуваат и за сите правни и физички лица кои што помогнаа да се реализира патувањето и учеството на фестивалот во Шпанија.
„Голема чест за нас беше што учествувавме заедно со игроорците од Колумбија, Мексико, Аргентина, Русија, Турција,Шведска“, додава Илиев.