Во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, општина Струмица преку учеството на учениците и наставниците од основното општинско „Маршал Тито“ од Струмица, претставници од сите основни и средни училишта од општина Струмица и општинскиот просветен инспектор од општина Струмица, беше дел од завршниот настан на Проектот.
На завршниот настан се обратија раководителот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието,Небојша Мојсоски, министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, директорот на Mисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн и директорот на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, Лорета Ѓеоргиева. Клучна порака за реализацијата на Проектот беше дадена од страна на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Л. Бејли.
Со богата културно-уметничка програма, на сите присутни им беа поделени брошури од кратки приказни со силна порака, произлезени од реализацијата на сите активности од Проектот, долготрајната соработка, меѓусебното дружење и партнерските активности за зближување на учениците од различни места во Република Македонија.
Општина Струмица, во овој проект кој траеше пет години, на почетокот започна како пилот општина, но на крајот како производ во процесот кој продолжува, во 2017 година донесе своја општинска стратегија за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието, со акционен план за активности во секое од општинските основни и средни училишта.