Основното училиште „Славчо Стојменски“ годинава патронатот го одбележа и со предавање во употреба на нова современа фискултурна сала, чија изградба чинеше 25 милиони денари. Салата е комплетно опремена со реквизити, соблекувлни, тоалети…
– Денеска се чувтвувам особено горд што успеав за една и пол година од мојот мандат да релизирам уште едно ветување. А, верувајте, не е лесно проектите од куп хартија и документи да ги реализираш и предадеш на располагање на граѓаните. Салата ја изградивме точно за една година – рече на свеченоста градончалникот на Виница, Ивица Димитров.
Директорот на училиштето, Горан Иванов, искажа јавна багодарност до Министерството за образование и наука и до виничката локална самоуправа.
– Инфраструктурата е многу важна за образованието. Се градат нови сали и други објекти. Ако сакате законски да работите, треба сите процедури да ги истерате – истакна заменик-министерот за образование, Петар Атанасов.
Патронатот на училиштето, во кое учат околу 600 ученици, беше одбелжан и со свечна академија, со настап на оркестарот и драмската секција на училиштето, а во новата сала се одиграа натпревари во футсал и во кошарка.