Серија активности на пролетно уредување започна светиниколското јавно претпријатие „Комуналец“. Со расположливата механизација извршено е чистење на отворената атмосферска канализација и на коритото на реката.
Потоа, се работеше на земјено уредување на улиците и тротоарите и реконструкција на скалите во дворот на Градската црква. Екипите на „Комуналец“ ќе продолжат понатаму со пролетното разубавување на градот, за што во функција е ставена и новата опрема.