Пет улици ќе се градат во селото Аргулица, општина Карбинци информира градоначалникот на оваа општина, Јордан Насев.
Освен во Аргулица една улица за оваа година е предвидено да се гради и во селото Горни Балван.
Овие инфраструктурни активности ќе се реализираат од наменските средства за улици предвидени во буџетот на општината за 2019 година.
Тендерската постапка, вели Насев е завршена, избран е изведувач и во текот на идната недела ќе започнат и градежните активности.