Директорот на ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица, Влатко Андоновски, во презентирањето на резултатите од својата едонгодишна работа, се осврна на почетоците од својат мандат. На самиот старт се соочил се долгови и неисплатени две плати кон вреботените. Долгот од 1,1 милион денари кон доверители од 2017 година беше исплатен, како и две заостанати плати кон дел од вработените. Додека за само една година односно во 2018 година, се исплатени околу 14 илиони денари кон доверители. Според директорот Андоновски, редовно се регулираат обврските кон Заводот за испитување на води од Кочани и Фондот за води на Република Македонија. Дополнително е воведена финансиски стимулација за редовност на врботените.
-Во тек е изработка на годишен финансиски извештај во кој детално ќе се претстави финансискот работење на Јавното Претпријатие и истиот јавно ќе биде достапен.Во делот на водовод и канализација покрај тековните активности се изведоа и следните активности:Извршено е детално чистење на базентите за вода за стара Каменица и с.Цера, чистење од наноси на зафатите за вода во Горештица и Китка,се поставија цевки со таложник и зафаќање на атмосферските води од улица ,,Пере Тошев” и дел од улица ,,Осоговска”. Се санирашен градскиот базен за пливање на места каде протекуваше, а истовремено се набавија и поставија 40 лежалки и 20 чадори за сонче како и бесплатен Wi-Fi на самиот базен, вели директорот Андоновски.
Како и останатите градови во Макеоднија и Македонска Каменица го има проблмот со азбестни водоводни цевки. Со сопствени средства, јавното претпријатие работеше на отстранување на последните азбестни цевки.
-Следува изработка на проект за реконструкција на водоводната мрежа во маало Павлиж Дол со што целосно ќе биде изфрлен азбестот од употреба на територијата на општина Македонска Каменица. Исто така, од страна на општина Македонска Каменица се изработуваат проекти за реконструкција на главната водовдна мрежа од филтер станица и од захватите во Моштица до собирна шахта.Заменети се дотраени исталации на водоводна мрежа во долижина од над 1000 м и канализациона мрежа во должина од 500 м, на повеќе места низ општина М.Каменица, рече Влатко Андоновски.
Јавното претпртијае доби донација од рудник САСА, специјално возило – тратктор комплет со товрна приколка и даска за чистење снег, а дополнително одобрена е донација за набавка на ново возило ровокопач преку Светска банака.
Од останатите активностите на ЈП „Камена река“:
Извршено е реконструкција на главната водоводна цефка од градскиот резервар за вода. Проблем со кој се спречени повеќе годишните загуби на вода непосредно до самиот резервар.
Во делот на механизација се изведоа следните активности:
Набавен е алат како што се : тримери, хилти, машина за сечење бетон и асфалт и друг ситен алат со кој понавремено и поуспешно ќе ги извршуваме тековните активности. Исто така поднесена е аплилација во Јапонска амбасада за донација на возило-камион
Во делот на хортикултурата и урбаната опрема се изведоа следните активности:
Направена е набавка на семе и семенски репроматеријали, за производство и садење на над 40,000.00 едногодишни и многугодишни цветни растенија за цветно-декоративно разубавување на општина Македонска Каменица;
Во соработка со општина Македонска Каменица се набавија и засадија над 300 еколошки прифатливи зимзелени и листопадни дрвни видови;
Се изврши обновување на старата и оштетена урбана опрема низ општината и заштита на веќе постоечката;
Се постави урбана опрема по кејот на Каменичка река;
Направена е припрема на јама за одлагање и складираење на покосена трева и органски отпадоци за производство на органско ѓубриво.
Во делот на хигиената и управување со отпад се изведоа следните активности:
Започнато е со затворање на големите контенјери по селските средини, а истовремено во соработка со Општина М.Каменица се поставуваат и нови затворени контенјери;
Склучен е договор со Елколект за собирање и превземање на електорнски отпад;
Исчистени се две диви депонии во с.Моштица;
Од страна на советот на општина Македонска Каменица е дадено согласност за преотстапување на градската депонија и формирање на регионална депонија.
Исто така се извршија и дополнителни разни активности:
Се изврши санација на ѕидот (ограда) околу детската градинка “Бамби” која претставуваше опасност за самите деца и граѓаните кои што се движат во близина на градинката;
Поднесена е апликација за прекугранична соработка со Невестино за изградба на кула за рана детекција на пожар;
Се изврши регулирање на текот на Каменичка река и нејзините притоки со што е спречено излевање од нивните корита и поплавување на околното земјиште и истовремено е спречено поткопување на мостовите и пропустите на локалните патишта;
Извршено е чистење и регулирање на повеќе свлечишта на локални патишта.
За време на снежните врнежи навремено беа исчистени улиците и тротарите во општината
Во градската амбуланта во соработка со Здравствен дом “Гоце Делчев” е извршено реконструкција на тоалетите. Се изврши реконструкција на цвеќарниците пред споменикот на народниот херој Вера Јочиќ.
Јавното претпријатие „Камена Река“ извади лиценци за: – вршење дејност за собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен отпад. – Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија
Во соработка со општина М.Каменица се изврши обновување на хоризонталната и вертикалната сигнализација низ општина во насока на подигање на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.