Општина Свети Николе беше домаќин на книжевно – музичката вечер, на која беше промовирана книгата „Свети Николе – Главната населба во Овчеполската котлина“ на Никола Ристевски. Публиката можеше да погледне и стари фотографии, мапи и документи, кои сведочат за најстарата населба во Овчеполието.
Книгата на Никола Ристевски е за градот кој настана на темелите на древната населба Свети Никола, но и животот на жителите од првите познати записи па се’ до крајот на 20-тиот век. Овој запис се навраќа на Пајонците, кои се нарекувале и ѕвездени луѓе од локалитетот Била Зора, на Полето на Мустафа, како што во Турско го нарекувале Овче Поле, на животот во времето кога полека се оформувала современата населба, со познатите институции, кои и ден денеска се одлика на градот. Новинарката и промоторка Мирјана Василева го спомна податокот дека според некои пишувања дека Свети Прохор Пчински потекнува од селото Ерџелија.
Авторот Никола Ристевски е магистер по економски науки, но својата енергија ја насочил кон публицистиката и податоците врзани за Овчеполскиот регион.
Во оваа книга авторот Ристевски со многу љубов се родниот град, Свети Николе, но пред се’ се навраќа на наследството на неговите двајца дедовци, новинар и историчар.
За Овчеполскиот регион, за Свети Николе и околните населби Ристевски посветил најголемиот дел од своето творештво. Зад себе има седум дигитални и седум печатени изданија, едиција со три зборници. Во подготовка не на документарен филм, чија промоција ја најавува за еден месец, а во подготовка е и следната книга насловена „За Овечеполските работи“.
За авторот Ристевски рече дека е редок публицист, млад новинар од стариот град.