За сума од 2.450.000 денари, општина Карбинци ќе гради тротоари во селата Долни Балван и Радање.На овој начин вели градоначалникот Јордан Насев ќе се зголеми безбедноста на жителите.
,,Со овие средства во селото Долни Балван ќе се прават два тротоари во должина од 600 метри квадратни .Во село Радање 900 метри квадратни.“
Инаку овој месец се очекува и официјално да се потпише договорот со Светска банка за грантот од 26 милиони денари,што треба да го добие општина Карбинци.Со овие средства наменети за развој на туризмот, предвидено е изградба на патот до Планинарскиот дом Вртешка, зголемување на капацитетот на легла во домот, обезбедување возило за чистење на снегот ,како и вештачка карпа за алпинистички спортови.