На иницијатива на општина Македонска Каменица, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар”, ООУ „Св.Кирил и Методиј” и ЈОУДГ „Бамби” и со активна вклученост на лицата со посебни потреби од Македонска Каменица, се оддржа хуманитарен новогодишен базар. Сите новогодишни украси се продаваа по симболични цени и покрај граѓаните, се вклучија и локалните фирми, установи и институции.
Новогодишната програма продолжи со културно уметничка програма во Дом на култура.
Хуманитарен новогодишен базар со храна беше организиран и во детската градинка Бамби, каде вработените приготвија најразлични видови на здрава храна, која беше продавана со симболични цени. Исто така КК Баскет Кам од Македонска Каменица на лицата од Дневниот центар за лица со посебни потреби, по повод новогоишните празници им подели новогодишни пакетчиња, како и баскети и спортски реквизити.
Сите соберени средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.