Општината Македонска Каменица продолжи со градежните активности на уредување на централното градско подрачје.
Се уредува паркинг простор и пристапни патеки до станбените живеалишта на новата улица во градот „Пере Тошев“. Вкупна квадратура е 350 метри квадратни, уредени со бехатон плочки. Се добиваат над 20 уредени паркинг места и пристапни патеки до влезовите на околните згради со ширина од 4 метри. Просторот дополнително ќе биде уреден со урбана опрема, клупи, улично осветлување (канделабри), корпи за отпадоци, пешачки патеки околу станбените објекти и до детското игралиште кое се наоѓа во близина.
Втората локација што се уредува е во рамките на активностите поврзани со изградбата на улица „Вера Јоциќ“, со вкупна должина од 471 метари. Моментално се врши финалната изведба на потребните подземни зактивности, односно поврзување на атмосферската каназилација која со денес е целосно завршена. По завршувањето во наредните денови ќе се започне тампонирање на улицата и асфалтирање на истата.