Македонска Каменица 06.11.2018 година – Најстариот жител на општина Македонска Каменица, Пракса Стојковска денес го прослави својот јубилеен 100-ти роденден. Пракса Стојковска родена во 1918 година, денес таа живее во село Дулица заедно со дел од своите синови, внуци и паравнуци.
Денес, во домот на фамилија Стојковски беше приредена мала прослава на која присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа на својата најстара сограѓанка и посака многу здравје и уште многу радости во животот. На нејзината фамилија уште многу причини за славје, со желба да прослават уште многу родендени заедно.