Асфалтирање на улица „Петта Партиска“
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ќе изврши увид во асфалтирањето на улицата „Петта Партиска“ во населбата Сењак, при што ќе даде изјава за медиуми.
Септември 2018 – месец на Индустриска Сопственост
Денеска, 3 септември, во ОМЦ „Киро Глигоров“ со почеток во 11:00 часот ќе се одржи средба по повод месец на индустриската сопственост. Средбата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, и заменик директорот на ДЗИС, Горан Герасимовски.
На средбата за надлежностите на ДЗИС и постапката за заштита на патент ќе зборува Али Асани, државен советник за индустриска сопственост, а за постапката за заштита на Трговска Марка, Индустриски Дизајн и Географски Назив ќе зборува Симчо Симјановски, раководител на секторот за ТМ, ИД и ГН.
Прв Пливачки Митинг „Челични Куп“
Во сабота, на 1 септември, беше успешно реализиран првиот Пливачки Митинг „Челични Куп“ на градскиот базен во Штип, на кој учествуваа повеќе од 150 пливачи од најдобрите пливачки клубови од Македоинја. За организацијата на овој Пливачки Митинг помогнаа: градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, најдобриот маратонски пливач, Евгениј Поп Ацев, како и голем број граѓани и ентузијасти.
Изборно првенство во карате
Во Штип во недела, на 2 септември, се одржа Изборното првенство во карате за состав на Државната репрезентација која ќе учествува на СП во МАДРИД, во месец ноември и кое ќе одлучува за пласман на ЛОИ во Токио. По завршувањето на Изборното првенство, селекторот на македонската репрезентација, Сашко АРСОВСКИ ни изјави дека само Емил Павлов е сигурен патник на СП. Другите македонски каратисти уште еднаш треба да ја потврдат формата на Премиер лигата во Берлин, што ќе се одржи во месец октомври.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, го отвори првенството и ги врачи медалите.
Последна дезинсекција за оваа година
На ден 05.09.2018 год. (среда наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 02 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналиниот систем на трериторијата на општината, урбаните населби и локалитети.
Третирањето ќе се изведува со препаратот Ауродил Супер ПБ со активна супстанца permethrin, d-allethrin.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22
Дневни активности на јавни претпријатија
ЈП „Стипион“ денеска ќе ги изведува следните активности:
- Реконструкција на тротоар кај платформа
- Бетонирање потпорен ѕид на игралиште во Блок 70
- Чистење атмосферски канал во населба Балканска
- Обележување хоризонтална патна сигнализација
- Замена на улични светилки во градот
Санирање на локален пат до село Почивало