На дневниот ред на 38 седница на Советот на Општина Тетово беше прифатена и изгласана донацијата на Македонски телеком во вредност од 10 илјади евра за одржување на Тетовското културно лето. Присутните советници изгласаа прифатените средства да бидат прераспределени на 20 те учесници на манифестацијата која ќе се одржи од 11 до 25 јули.
Исто така, на оваа седница на Совет беа доделени финансиски средства на граѓанин на Тетово, кој пријавил дека настанала штета во неговиот дом поради пукање на цевка од водоводната мрежа.
На оваа седница беа изглазани и предлозите за легализирање на градби кои на минатата седница беа ставени на дневен ред.