Општина Карбинци денес го одбележува својот ден, Спасовден.
Одбележувањето започнува во попладневните часови со Свечената седница на општината.
По завршувањето на седницата почнува и официјалниот дел од преставата со Поздравниот говор на Градоначалникот Јордан Насев и Претседателот на Советот на општината.
Културно забавната програма на која што ќе учествуваат естрадни уметници од МОБ започнува во 17.30 часот и ќе трае до 21 часот.Свој придонес во забавата ќе даде и Градскиот хор Штип.
Денес општина Карбинци одбележува 22 години од своето постоење.