Трибина на тема „Дискриминација: Како да ја препознаам и што потоа?“
Здружението ЕХО Едукативно-хуманитарна организација и Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Цивика Мобилитас, денеска ќе одржат трибина на тема „ДИСКРИМИНАЦИЈА: Како да ја препознаам и што потоа?“ во хотел Оаза со почеток во 12:00 часот.
На трибината ќе говорат претставници од здружението ЕХО, Коалиција Маргини и ХЕРА, кабинетот на градоначалникот, како и од локалното координативно тело за заштита од дискриминација при Општина Штип.
Учесниците ќе зборуваат за дискриминацијата кон одредени маргинализирани групи и за тоа како да се препознае, но и како да се пријави кај надлежните органи. Самото локално координативно тело беше формирано со цел да ги информира граѓаните за видовите на дискриминација, за тоа како да ја препознаат и да се заштитат од неа, но и каде да ги пријават случаите на дискриминација.