Новата законска регулатива во Законот за основно образование повеќе не дозволува родителите по свој избор да го запишуваат своето дете во она училиште кое ним им се допаѓа, туку ќе мораат задолжително да ја почитуваат реонизацијата:
- Со измените во законот за основно образование од јануари 2025 година веќе таа опција за родителите не е дозволена и реонизацијата мора да се почитува. Има точно наведени услови под кои може да се прекрши реонизацијата. Тоа е детето да има според член 63, детето треба да има наод и мислење доколку има посебни образовани потреби и доколку во училиштетото има подобри услови за настава отколку во училиштето во кое припаѓа, вели Снежана Санева, раководител на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип.
Според податоците на МВР, годинава во мај ќе се запишат вкупно 470 првачиња во петте основни училишта во Штип, а се очекува од нив да се формираат 21 паралелка.