Започнаа градежните активности во новата населба, која треба да никне во близина на Три Чешми, а во моментов се работи на поставување на водоводна и канализациона мрежа. Досега продадени се 10 плацеви, а во моментов активен е јавен повик за уште 10.
- Планираната населба содржи 80 плацеви за индивидуално домување куќи. Така да во месеците паралелно со изведбата на инфраструктурата во рамки на новата населба до Три Чешми ќе се отуѓат и останатите 70 парцели, коишто верувам ќе допринесат за зголемување на бројот на жители на овој дел од градот, рече градоначалникот Иван Јорданов.
Освен до Три Чешми, планирана е и продажба на околу 100 плацеви во просторот меѓу населбите Баби и Сењак со намена куќи за домување.
Од општината се надеваат дека овие две нови населби ќе придонесат кон стабилизацијата на пазарот на недвижнините и ќе им олесни на младите кои сакаат да инвестираат во свој дом во Штип.