На ден 11.09.2024 година (среда) во раните утрински часови Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општина Штип ќе ја спроведе петата (5) адултицидна (тереистичка) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 01 до 07 часот, стои во официјалното соопштение од Општина Штип до медиумите.
Како што информираат од општината, со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територија на општина Штип.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AKVA K-OTRINE 2 EW со активна материја Deltamethrine .
Во случај на неповолни временски услови ( дожд,ветар и др. ) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, стои во соопштението од Општина Штип, од каде апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
За сите информации и прашања можете да се јавите на телефон за контакт во Општина Штип : 032/22 66 22