Започна асфалтирањето на неколку пристапни улици во населбата Стар Караорман. Градоначалникот Иван Јорданов, кој денес изврши увид на градежните активности, посочи дека повеќе од 50 години постои потребата за асфалтирање на овие улици и дека истото ќе ја чини општината нешто повеќе од еден милион денари.
- Овие улици кои се асфалтираат денес можеби повеќе од 50 години имале потреба да бидат изасфалтирани и сега конечно се асфалтираат. Нешто повеќе од милион денари се одвоени за поставување на асфалтна маса, на краци од овие улици во населбата Стар Караорман, истакна Јорданов.
Дополнително тој ги повика граѓаните од сите делови на градот да ги пријавуваат своите проблеми а органите на локалната самоуправа согласно со своите можности ќе се потрудат истите да бидат надминати и решени.
- Ги мотивирам нашите сограѓани да ги презентираат проблемите со кои се соочуваат а ние во рамките на нашите расположливи ресурси, во рамките на нашите можности верувам дека ќе успееме да ги решиме поголемиот дел од секојдневните проблеми на нашите сограѓани, до крајот на мојот мандат, нагласи градоначалникот Јорданов.
Тој посочи и дека Штип и штипјани заслужуваат многу подобро и многу повеќе за што како локална самоуправа ќе продолжат да се залагаат и во наредниот период.