Се градат тротоарите на улицата “ 11 Октомври “, а градоначалникот Иван Јорданов денес изврши увид на градежните активности во овој дел од градот. Притоа истакна дека за уредување на тортоарските површини и поставување на павер елемeнти издвоени се еден милион денари, од буџетот на Општина Штип.

  • Улицата „11 Октомври“ е во завршна фаза со поставување на тортоарски површини и павер елементи. Повеќе од еден милион денари се одвоени за да се уредат тортоарските површини, ова се активности кои ги превзема локалната самоуправа на повеќе локации. Моментално вршиме увид на улицата „11 Октомври“, но, се работи и на други позиции во градот, рече Јорданов.

Тој посочи дека во моментов градежни активности има и на улицата „Широк дол“со поставување на рабници и реконструкција на тортоарски површини, а во тек е и реконструкција и доуредување на влезови во станбени згради во населбата 8 Ноември.

Во текот на утрешниот ден се очекува финализирање на катната гаража која се наоѓа кај стоковната куќа „НАМА“.