Во Штип во раните утрински часови преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе трета адултицидна (тереистичка) дезинсекција и четврта ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците, информира преку соопштение секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова.
Во соопштението се посочува дека запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 01 до 04 часот адултицидната (терестичка) и од 05 до 07 часот ларвицидната дезинсекција.
- Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип, се вели во соопштението.
Во случај на неповолни временски услови дожд или ветар дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Воедно се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.