Раководителите на општинските одделенија и службениците кои работат со граѓаните, беа дел од работилницата за дигитализација, на која се дискутираше нацрт стратегијата за целосна дигитализација на општина Струмица. Со усвојувањето на Стратегијата, Струмица станува првата општина, каде јавните услуги ќе бидеат целосно дигитализирани.
Драфт стратегијата опфаќа повеќе специфични области, со крајни цели подобрување на општинското работење, подобрување на животниот стандард, негување на колаборативно управување, поттикнување на економски развој, промовирање на заштита на животната средина и надградба на дигиталната инфраструктура.
Во следниот период планирани се серија активности за унапредување на стратегијата, како и јавна дебата. Овие активности, кои започна пред повеќе од една година, општината Струмица станува дел од напорите зацртани во Националната стратегија за дигитално општество.