Се уредуваат влезовите од повеќе станбени единици на улицата “Коле Неделковски” во населбата “Леваци”.
Како што нагласува градоначалникот Иван Јорданов станува збор за партерно уредување во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште според која предвидено е и финализирање на слични вакви активности во населбите “8 Ноември” и “Сењак”. Најави и темелна реконструкција на поголем број улици во населбата “Леваци”, до крајот на летниот период.
- Ќе се изврши промена на подземната инфраструктура, пред се на улиците “АСНОМ” и “Христијан Карпош” со промена на водовод и канализација а потоа и третирање на тротоарските површини и асфалтирање на улиците, прецизираше Јорданов.
Тој повика на трпение и разбирање од страна на жителите на оваа населба затоа што како што вели во најголем дел од летото улиците на кои ќе се работи ќе бидат раскопани, но сето тоа е неопходно за задоволување на потребите на граѓаните.
Ги замолуваме граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи одлучно се зафативме да ги решаваме проблемите со подземната инфраструктура која не е заменета повеќе од 40 години во оваа штипска населба, напиша Јорданов на фејсбук.