Утре ќе се изврши врши ларвицидна дезинсекција во Струмица и околните градови

Втората ларвицидна дезинсекција во Југоисточниот регион ќе се одржи утре, 29 Мај, од 9-16 часот. Дезинсекцијата ќе се одвива во покрај во Струмица и во Валандово, Дојран, Радовиш, Конче, Ново Село, Босилово, Василево.

Од општината Струмица известуваат дека доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Во исто време им се укажува на сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат во најавениот период планиран за дезинсекција.