По барање на жителите на населбата 8 ноември, а како резултат на се поголемиот број автомобили во истата, денес и официјлано ставени во употреба две нови паркинг локации во оваа населба.
Како што нагласи градоначалникот Иван Јорданов се работи за паркинг позиции помеѓу станбени згради во населбата на кои дополнителен број возачи ќе можат да ги паркираат своите автомобили.
- Одлучивме две локации помеѓу улицата Енгелсова и булеварот ЈНА да се искористат за да можат да им служат на граѓаните за паркирање на своите возила. Исто така и една позиција помеѓу ул Енгелсова и бул. Партизанска во непосредна близина на станбените згради е уредена со павер елементи за да служи за простор за паркирање, вели градоначалникот Јорданов.
Најави дека во наредниот период уште една локација во населбата “8 Ноември” ќе биде уредена во паркинг простор, а како што рече во тек се и активностите за уредување на просторот и површините пред сите станбени згради во оваа населба.
За осветлување и за третирање на овие две паркинг површини, како што истакна Јорданов потрошени се 1,5 милиони денари од буџетот на Општина Штип.