Четириесет деца од социјално загрозени ромски семејства бесплатно ќе бидат згрижени во двете детски градинки во Штип, при што 25 во детската градинка “Астибо“ и 15 во градинката “Вера Циривири – Трена“, најави денес Незир Хусеини, програмски директор на Асоцијација за демократски развој на Ромите.
- Се работи во соработка со Министерството и општините Тетово, Дебар и Штип за реализација на проектот „Ромски образовен фонд“ и од 12 јануари официјално се работи со сите три општини. Децата од 4,7 и 5,7 години ќе се вклучат во претшколско згрижување во детските градинки, вели Хусеини.
Како што вели целта на проектот е децата Роми пред училиште да ги срушат јазичните бариери, успешно да се вклучат во образовниот процес и да бидат понатаму конкурентни на пазарот на трудот. Тенденција е да се вработат и негувателки Роми во двете детски градинки во Штип.
Директорите на двете градинки во Штип, Илија Митров и Ивана Ангеличкова велат дека се е подготвено за почеток на реализација на овој проект, додавајќи дека и до сега има деца Роми кои се дел од предучилишниот процес во Штип.