Меѓународниот републикански институт ИРИ ја објави квалитативната студија за респонзивноста на локалната самоуправа во Македонија, низ реакцијата на неопределените гласачите во шест општини – Гостивар, Струмица, Велес, Гази Баба, Кичево, Центар и Град Скопје. Граѓаните беа прашани за довербата кон градоначалниците и Советите, нивните ставови за отчетноста и тоа како одговараат на нивните потреби и за ефективноста на локалните власти.
Прва на листата по одговорност е Општина Струмица со стапка на одговор од 67 проценти. Граѓаните градоначалникот на Струмицица Костадин Костадинов, го сметаат за комуникативен и достапен, но и како амбициозен и работлив. Учесниците конкретно истакнале дека не е пристрасен кога е во прашање решавањето на проблемите и дека е посветен, пишува во студијата на ИРИ. Во текот на споведувањето на истражувањето, граѓаните за градоначалниците, граѓаните ги оценуваа според: Отвореност, комуникација, одговорност и почит кон граѓаните; дали е добра и позитивна личност и дали мислат дека им помага на граѓаните и на општината, и дали мислат дека тој/таа испорачува видливи, опипливи подобрувања на општината и се однесуваат на тоа главните прашања со кои се соочува.
Со стапка на одговор од 67 проценти, општина Струмица е оценета за најреспонзивна за граѓаните.
За време на теренската работа, граѓаните можеа да пишат до општина Струмица на три онлајн адреси: gradonacalnik@strumica.gov.mk; info@strumica.gov.mk; https://sistem48.strumica.gov.mk/prijavi.php.
Учесниците рекле дека со тоа што добиле одговор, се чувствуваат позитивно и охрабрено, им ја зголемило нивната доверба во градоначалникот и општината, а тоа ги прави да се чувствуваат задоволни и горди и поради тоа што поттикнаа акција за подобрување на животот во нивните заедница.
Истражувањето на ИРИ беше спроведено во јуни и јули 2023 година во шест општини: Центар, Гази Бабе, Велес, Струмица, Кичево, Гостивар и Скопје.