Вкупно 20 проценти од наплатата од 131 паркинг место во Општина Штип ќе биде наменета за хуманитарни цели. Ваква одлука беше донесена денеска на седница на штипскиот Совет, со што градот се вклучи во хуманитарната акција за зонско паркирање. Паркингот на овие обележани места ќе чини 30 денари и за нив нема да важат повластените картички.
– Зоната Х опфаќа 13 места на улицата „Васил Главинов“, прво од мостот кај црквата до мостот кај гимназијата, односно пред Општината, па 14 места наспроти ОУ „Ванчо Прќе“. Опфатени се и платформите кај Трговскиот центар и кај Здравен дом со по 48 места, пет паркинг места има и на улицата „Маршал Тито“, а три пред влезот на Аргачот, рече Соња Судиклиева-Мијалкова на денешната седница.
Советниците од опозицијата рекоа дека ваквото покачување, од досегашните почетни 20 денари и 15 за секој нареден час, на 30 денари е неприфатливо.
За советниците од владеачкото мнозинство пак ова е начин да се реши проблемот со паркирањето во градот, а истовремено хумано да се делува.