Започнува со реализација проектот за реконструкција на патниот правец меѓу селата Таринци и Долни Балван. Освен реконструиран пат жителите ќе добијат и велосипедско-пешачка патека.
„Јавната набавка од денес е објавена и очекуваме во текот на летниот период да се започне со градежните активности за реализација на овој проект. Општина Карбинци во целост ги заврши своите обврски според критериумите на инвеститорот,“ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
Средствата се обезбедени од светска банка со поддршка на Министерството за Транспорт и врски.