Асфалтиран дел од главаната улица во селото Таринци, Општина Карбинци.
Градоначалникот Виктор Паунов вели дека станува збор за улица којашто е асфалтирана пред четириесетина години и била во лоша состојба .Улицата во значителна мера ќе го подобри квалитетот на животот на жителите од оваа село.
Задоволни се и жителите. Градоначалникот Паунов најави интензивна пролетна инфраструктурна офанзива, изградба и рехабилитација на патишта, улици, спортски терени.