Високите вредности на ПМ честички и аерозагадувањето ги алармира општинските власти на Струмица. Горењето кабел една од утврдените причини, кои предизвикуваат загаденост на воздухот. Општинските инспектори заедно со СВР Струмица излегоа на терен и на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел.
Против три лица од Струмица, како што соопшти полицијата ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата“.
Тројцата беа фатени во атарот на река ,,Тркања“ како горат кабли како од стари апарати ги гореле каблите при што веќе подолг временски период од оваа активност, создавале чад. Горењето на кабел е со цел добивање на бакар, што потоа го препродаваат.
-Полициски службеници од СВР Струмица извршиле увид на место викано „Тркања“, атар на Струмица, каде претходно биле затекнати лицата У.Д.(18), Р.А.(18) и Е.Д.(26), сите од Струмица, кои гореле кабли. За настанот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветна пријава поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик“, соопшти СВР Струмица.
Градоначалникот Костадин Костадинов апелираше до граѓаните кога ќе забележат такви појави, веднаш да пријават во надлежните институции.
-Мора е заеднички да се бориме за почиста и поздрава животна средина! Зачувувањето на животната средина е задача и одговорност на секого, и на власта и на граѓаните. Заедничка обврска е да го создадеме и зацврстуваме тој круг, соопшти Костадинов.