Две инфраструктурни инвестиции го одбележуваат почетокот на годината во Струмица

default

Огромни бетонски плочи го формираа мостот „Обединување“ во Струмица, со што 70 проценти од мостот се веќе завршени. Со тоа, се навлегува во финалната фаза изградбата на првиот булеварски мост во историјата на Струмица, поставен на реката Водочница. Овој мост е неопходен за да почне реализацијата на уште од најавените значајни проекти за сообраќајот во Струмица, а тоа е изградбата на новиот булевар „Братство Единство“ како нова сообраќајна артерија на градот.


Измината недела започнаа работите за изградба на првиот скејт парк. На површина од 625 квадратни метри квадратни, скејт паркот ќе биде лоциран во спортско – рекреативниот дел на градскиот парк.  На оградената бетонска платформа ќе има седум спортски реквизити, кои ќе овозможат адреналинска забава за љубителите на овој екстремен спорт.

За изградбата на скејт паркот, обезбедени се  6, 2 милиони денари од општинскиот буџет.

default