Панел дискусија со цел заедничко креирање на буџетот за 2023 година, се одржа во Општина Kарбинци.
Граѓаните претставени преку своите Месни зеедници и бизнис секторот ги презентираа своите идеи и предлози.
„Одржавнме состанок со претставниците на Месните заедници во Општина Карбинци и со сите јавни институции, претставници од бизнис секторот и лица коишто сакаат да учествуваат во оваа панел-дискусија. Она што го разговаравме, беше предлог-буџетот којшто ќе го формираме до крајот на оваа календарска година, се со цел во 2023 да го исполниме оној буџет којшто ни е даден како рамка. Она што го имаме веќе во план, всушност она што го имаме како рамка за финансиски средства изнесува 39 милиони денари- основен буџет, којшто треба да го распределиме, правилно, така како што бараат граѓаните. Она што конкретно го бараат граѓаните и она на што ќе биде ставен фокусот се инфраструктурните проекти, како што е патната инфратсруктура, водовод на канализација, паркови и земенило и некои други проекти со кои ќе се обидеме да ги подобриме квалитетот на животот на жителите,“ информира градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.
„Ние веќе отворивме и на нашата веб страна Прашалник, којшто може секој да го пополни, на социјалните мрежи исто така имавме отворени прашалници преку коишто секој жител може да даде свое мислење, предлог и идеја,“ додава Паунов.