Тимската и макотрпна работа со максимална посветеност донесоа повеќе капитални и инфраструктурни објекти во првите 12 месеци од вториот мандат, оцени градоначалникот Горан Трајковски, во неговата анализа за неговата работа и работењето на општината и нејзините органи и институции.
Трајковски, во оваа пригода, наброја неколку резултати на работењето:
Во отчетот, Трајковски ги потенцираше капиталните проекти:
• Почна изградбата на пречистителната станица за вода за пиење со придружни објекти и фотоволтаична централа во рамките на Проектот за подобрување на водоснабдување на Делчево.
• Во тек е тендерот за изградба на новата детска градинка во населбата Расадник во Делчево со која ќе се опфатат 150 дечиња.
• Новиот градски пазар е во завршна фаза.
• Изградена првата атрактивна фонтана во центарот на Делчево,фонтаната „Бесконечност“
Енергетска ефикасност
• Склучен договор за набавка на 90 лед светилки во рамки на грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), во висина од 1,4 милиони денари.
• Изработка на Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Делчево, со поддршка на ХАБИТАТ-МАкедонија;
• Инсталирање фотоволтаици во СОУ „М.М.Брицо“ (инвестиција од 1.2 мил ден. преку Фондација отворено општество Македонија).
• Издадени одобренија за изградба на 6 фотонапонски централи поставени на земја со вкупна инсталирана моќност од 4.746 КВ.
• Издадени 5 решенија за фотонапонски панели на кров со вкупна инсталирана моќност од 947 КВ.
Реконструкција на водоводната мрежа во Делчево
• Реконструкција на водоводната мрежа во три населби во Делчево со вкупна должина од 4,5 км.
• Почеток на реконструкција на водоводната мрежа на улиците „Солунска“, „Ванчо Прке“ и „Острец“.
• Реконструирана дел од дистрибутивната мрежа во Делчево- зона обиколен цевковод-крак 4 на дел од ул „Плачковица“ во должина од 400 м .
• Изградена е нова водоводна мрежа во населба „Пролет“ во должина од околу 400 м.
• Поставена нова водоводна линија на новиот градски пазар и околните парцели во должина од 200 м,
• Поставена инсталација за атмосферска канализација на улицата кај новиот градски пазар во должина од 300 м..
• Извршена санација и бетонирање на патеките и платформата пред Спомен-дом АСНОМ со површина од 960м2.
• Реконструирана јавната чешма над с. Ѕвегор покрај магистралниот пат за соседна Бугарија.
Улици и патишта
• Заврши изградбата на локалниот пат Делчево-Тработивиште во должина од 5,3 км.
• Реконструирана улицата „Скопска“
• реконструиран дел од „Орце Николов“
• Реконструирана критичната точка на ул „Острец“ со изградба на потпорен ѕид.
• Изградена нова улица „Улица бр 3“ во централното градско подрачје во Делчево во должина од 370 м.
• Прв пат асфалт добија повеќе улиците.
-Овде денеска сакам да испратам порака и остро да се спротивставам на одредени советници кои јавно и безобразно ја напаѓаат општинската администрација и, како градоначалник, застанувам на страната на работниците и нема да се согласам со кршење на нивните права утврдени со закон, напротив, следејќи ги насоките од Владата и законските регулативи, ќе работам во насока, работникот да биде почитуван и мотивиран. Омаловажувајќи ги работниците, ниту еден кој седнал во фотелја во некој орган на управување, нема да си го зголеми угледот во средината. Угледот се заслужува со работа и со домашно воспитување. Во таа смисла е извршено и усогласување на платите и на пожарникарите и на вработените во Општината кои земаа минимална плата, рече Трајковски.
За сработеното на Општина Делчево за период од 12 месеци, повеќе од видеото во прилог: