Општина Штип формираше фирма ќерка на ЈП „Исар“ која ќе има дејност за производство на електрична енергија. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека за функционирање на оваа фирма – ДООЕЛ, пари ќе се обезбедат преку издавање на обврзница.
– Со овие пари ќе се набави турбина која ќе се постави во Филтер станицата и фотоволтаици на кровните конструкции на некои од јавните институции во општината, вели Јорданов.
Целта вели е во услови на енергетска криза да се произведе струја која ќе се пласира на слободниот пазар, а средствата кои ќе се обезбедат од продажбата да се искористат за санирање на последиците од кризата и за да се вратат парите од издадената обврзница.