Вкупно 705 жители и правни лица на Општина Лозово, конечно ќе ја добијат штетата на своите земјоделски поседи но за невремето што го погоди тој регион во 2018 година, информира градоначалникот Бошко Цветковски.
„По разговорот што го имавме со Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски, кој на мое барање беше присутен на терен поради последиците настанати од последното невреме кое ја зафати Општина Лозово , ја искористив приликата да му соопштам дека само на Општина Лозово не беше исплатена штета од 2018-та година, детално елаборирав за проблемот и побарав да најдеме решение,“
По завршените консултации, информира градоначалникот, до Општина Лозово пристигнал допис со кој што Владата го задолжува Министерството за финансии по пат на распределба да обезбеди финансиски средства односно парична помош во висина од 10% од износот на проценетата штета на општините и тоа за изготвените елаборати од 2018 година.
„Согласно поднесените барања од физички и правни лица за надомест на штетите кои ги предизвика невремето во 2018 година беше изготвен елаборатот за процена на штета од страна на административниот службеник Виолета Спасова Колева заедно со општинската комисија . Истиот содржеше проценета штета на земјоделски посеви со вкупен износ од 149.003.558 денари, а паричната помош што треба да се исплати кон вкупно 705 физички и правни лица кои поднеле барања, е во висина од 10% од проценетата вредност,“ информира Цветков.
Тој додава дека веднаш штом средствата ќе бидат трансферирани на наменска сметка на општина Лозово, секое правно и физичко лице кое има пријавено штета од невремето кое ја зафати општина Лозово во 2018 година на својата трансакциска сметка ќе го добие износот од 10% од вредноста на проценетата штета.