Општина Свети Николе потпиша договор со USAID во вкупна вредност од 1.500.000 денари, со кој се предвидени повеќе активности. Со донаторските средства ќе се реконструира спортската сала во ООУ “Гоце Делчев”. Во салата ќе се замени подот и ќе се постави професионална подлога, потоа реконструкција на ѕидовите и електриката, адаптација на тоалети за лица со попречености и изградба на пристапна рампа.
Истовремено ќе се изврши комплетна реконструкција на подот во училниците на првиот кат во училиштето во вкупна вредност од 2 .000.000 денари. За овие работи обезбедени се сопствени средства.
Градежните работи се очекува да бидат завршени до почетокот на новата учебна година.