Штипската населба Железничка денеска доби ново игралиште кое има спортски терен опремен со специјализирана тартан подлога, голови и кошеви, но и детски реквизити за најмалите.
– Ова е по барање на жителите затоа што подалечните населби имаат потреба од вакви содржини. Ние како локална самоуправа одлучивме да реализираме постепено и најавувам дека во сите останати населби, вклучувајќи ги и приградските, ќе реализираме вакви проекти, најави градоначалникот на отварањето, потенцирајќи дека станува збор за инвестиција од 1.500.000 денари.
Освен ова, Јорданов за оваа населба која со години има проблем со канализацијата, најави тендер за нова канализациона мрежа. Проектот тој вели ќе биде во износ од 15 милиони денари.