Историскиот меч за македонската фудбалска репрезентација која вечерва против Португалија ќе се бори за првиот настап на Светско првенство, во 20:45, ќе може да се проследи на градските плоштади во Штип и Пробиштип.
Во Пробиштип освен што ќе може да се проследи натпреварот, ќе има и хуманитарна акција.
– Сите од најмлади до највозрасни, заеднички да го проследиме историскиот фудбалски натпревар на македонската репрезентација, утревечер на градскиот плоштад. Од 19 часот започнуваме со забавен дел – unplagued музика, на настанот сите хумани сограѓани ќе може да донираат на штандот на Црвениот крст за помош на нашите сограѓани, чиишто дом беше опожарен, информира градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.
Штипскиот градоначалник, пак, преку фејсбук ги повика штипјани заедно на плоштадот Слобода да го проследат натпреварот и да навиваат за Македонија.