Инфо ден посветен на младите ќе се одржи за време на викендот во Општина Карбинци. Активноста се спроведува во рамките на проект кој што општината го реализира заедно со Општина Дупница, Р.Бугарија.
Предвидена е прошетка по локалитетот Баргала а ќе се реализира и показна вежба од Противпожарната бригада. Активности се предвидени и во недела кои ќе ги реализираат волонтери од Црвениот Крст а ќе се спроведе и работилница во рамките на која ќе се одвиваат едукативни игри.
Општина Карбинци и општина Дупница, Р.Бугарија, работат на заеднички проект за превенција и совладување на последиците од природни и непогоди предизвикани од човечка негрижа.
Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р.С.Македонија, а Општина Карбинци го спроведува во партнерство со Фондацијата „12-ти Стол“ од Благоевград.
Во рамките на проектот којшто треба да се реализира до крајот на март оваа година, направено е мапирање на ризичните зони со предиспозиција за пожари во општините Дупница и Карбинци. Реализирано е истражување за подготвеноста на граѓаните за природни и непогоди предизвикани од човечка негрижа, а врз основа на утврдените недостатоци се дизајнирараше програма за основна обука. Реализирани се две обуки за заштита во случаи на непогоди за деца и ранливи групи граѓани во Општина Карбинци а ќе следува и заеднички семинар за размена на добри практики помеѓу доброволни противпожарни екипи од Општините Дупница и Карбинци. Беше објавен и конкурс за есеи за деца и млади „Бледа сина точка“ (со фокус на поединецот и индивидуалната одговорност во зачувување на природата), за што а во понеделник ќе бидат доделени и наградите за најдобрите. Во рамките на проектот предвидено е креирање на веб платформа со едукативен и информативен карактер, преку која ќе се мотивираат младите од прекуграничниот регион да се вклучат во иницијативи за заштита на животната средина.
За реализирање на целиот проект обезбедени се околу 100.000 евра.