Пинг понгарскиот клуб „Крушево“ со нов успех на државниот турнир за играчи до 15 години. Турнирот се одржа во неделата (06.03.2022) во Струмица. На овој државен натпревар Фани Јованоска од ППК „Крушево“ го освои златниот медал и со тоа воспостави доминација во оваа категорија.
Пинг понгарскиот клуб „Крушево“ оваа 2022-ра година ја започна со низа успеси кои потврдуваат, според тренерот Михаил Габелоски, дека клубот е голем извор на таленти во повеќе категории.
Еден ден порано, членовите на пинг понгарскиот клуб „Крушево“ освоија 3 бронзени медали во категоријата до 21 година – Теодор Волкановски, Васе Богоевска и Софија Хасану.