Проблемот со поставувањето на менувачите на девизи на фреквентните делови од центарот на Струмица, како и дивите собирачи на отпад, беа тема на четвртата седница на Советот за превенција на Општина Струмица.
Главен проблем со околу 30-ина улични менувачи на девизи е попречувањето на сообраќајот на Булеварот Маршал Тито со застанувањето на возилата при размената на девизи.
Заедничкото решение ќе се најде пред градоначалникот и Советот на Општината Струмица, кои понатаму ќе го проследат, со оглед на тоа дека Советот на превенција, како помошно тело ги артикулира проблемите и нуди можни решенија.