Од 7-ми до 13-ти август во Крушево ќе се одржи тест настан за 23-тото Светско првенство во змајарство класа 1и 9-тото Светско првенство во змајарствo класа. Овој настан е најава за Светското Првенство кое беше одложено минатата година.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изјави дека Крушево ќе биде центарот на авантуристичките збиднувања ова лето, а општината продолжува со инвестиции на полетувалиштето на Мечкин камен.
„Крушево ќе биде центарот на параглајдинг и настаните во змајарство ова лето. Очекуваме натпреварувачи и туристи од целиот свет. Сите настани доаѓаат во време кога полетувалиштето е со нова вештачка трева и двојно поголемо и со објект кој е во завршна фаза на изградба. Тековно, започнуваме со имплементација на проект дел од Програмата за прекугранична соработка со Албанија кој вклучува изградба на паркинг и поставување на мерни станици на полетувалиштето, меѓу другите активности.“, потенцира Христоски
На натпреварите се очекуваат до 130 учесници, а Светското првенство ќе се одржи од 6-ти до 19-ти август 2023 година
foto-fb gradonacalnik Krusevo