И покрај релативно слабите врнежи од снег во Штип двете јавни претпријатија, Стипион и Исар, излегоа на терен да ги расчистуваат тротоарите и улиците низ градот.
Градоначалникот Јорданов сабајлево изјави дека механизација за расчистување на улиците ќе биде пратена и во селата во склоп на општината.
– Во текот на денот веќе пуштивме механизација која ќе циркулира низ улиците на Штип. Спремни сме со доволно количини на песок и сол кои ќе бидат исфрлени на улиците во градот. Годинава имаме и зголемена механизација, рече Јорданов.
Инаку ЈП Стипион претходната недела обезбеди три специјални возила за чистење на снегот. Се работи за камиони со нож пред возилото и соларка, кои се набавени од кумановска фирма за период од една година.