Од ЈП Лајка продолжуваат со нивната хумана приказна да бараат топол дом за привременетие станари во стационарот. Редот дојде на Илона, Каролина и Бобо кои бараат нов сопственик и топол дом. За подетални информации и прашалник за вдомување можете да ни пишете на vdomi@lajka.com.mk.

 

 

Воедно од таму информираат и се извинуваат што извесен период не беа активни на социјалните мрежи.

„Сакаме да ве информираме дека за жал старите социјални мрежи на ЈП ЛАЈКА не се повеќе во функција, но се враќаме назад со нови каде ќе можете да уживате секојдневно во нашите содржини. ЈП Лајка продолжува понатаму во остварување на своите цели: хуман третман и благосостојба на бездомните кучиња; намалување на популацијата на бездомни кучиња; вдомување и градење култура за вдомување бездомни кучиња; волонтерство и едукација; подигнување на свеста кај граѓаните за одговорно сопстевништво“, информираат од ЈП Лајка.